Дали е европски да се скандира „УЧК“ на плоштад – прашува Мицкоски

Али Ахмети, Христијан Мицкоски, Фото: Фејсбук Ахмети

Дали е европски да се скандира „УЧК“ на плоштад? Прашува лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски. Тој вели дека СДСМ „не се огради од криминалот на ДУИ, ниту пак има намера, а од ДУИ го употребуваат наративот дека биле европска партија додека џебовите им се полни со европски пари“. Според Христијан Мицкоски, ДУИ додека се колнеле во ЕУ – ја купувале Соравија, додека зборат за правда – делат шамари во контролата на летање во Скопје. Народот гладува, а тие си слават родендени во државни институции.

„Да ги прашам во ДУИ, затоа што и Ковачевски продолжува да молчи, дали кога Али Ахмети викаше среде Скопје УЧК, УЧК е европски чин? Дали тоа доликува на европскиот фронт на ДУИ – СДСМ?. Нивното однесување ја подрива европската идеја, тие стануваат минери на европската идеја во Македонија, народот нив не ги идентификува со Европа и има европски функционери кои се срамат затоа што ЕУ не е олицетворение на корупција на ликовите какви што се Артан, Мерко и Талат“, истакна Мицкоски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот