„Мундо Депортиво“ открива скандал: Мбапе по натпреварот против Барселона предизвикал општа тепачка

Фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Екипата на Пари Сен Жермен во вторникот славеше победа на гости кај Барселона и така се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите, а шпанските медуми сега откриваат дека натпреварот во Шпанија имал и „трето полувреме“.

Барселона натпреварот на домашен терен го дочека со предност од 2:3 од првиот натпревар во Париз, но во реваншот каталонскиот гигант запиша убедлив пораз со кој се прости од елитното натпреварување.
Килијан Мбапе во реваншот беше стрелец на два гола, а токму тој според информациите на „Мундо Депортиво“ предизвикал тепачка пред соблекувалните на двата тима во која учествувале скоро сите фудбалери и членови на стручниот штаб на тимовите, па бројката била околу 60 луѓе.

„По натпреварот беше многу тензично. Причина беше славјето на фудбалерите на ПСЖ. Славјето беше големо затоа што победата ја доживеаа како одмазда за сезоната 2016/2017. Играчите на ПСЖ го напуштаа теренот славјеќи го триумфот секој на свој начин, но Мбапе беше најжесток“, пишува „Мундо Депортиво“.

„Прво изнервира неколку фудбалери на Барселона, но тоа беше само почеток. Потоа влезе во тунелот и се упати кон гостинската соблекувална, а потоа одново имаше момент на „лудост“ врескајќи со неколку негови соиграчи“, пишува „Мундо Депортиво“ додавајќи дека Мбапе извикувал: „Ова е фудбал, зборуваме само на теренот“.

Тогаш фудбалерите на Барселона сфатиле дека пораката е адресирана за нив, по што настанал хаосот. Засега никој од двата табори не се огласил на оваа тема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот