Монд: Кинескиот претседател во посета на „освоените територии“ – Србија и Унгарија

Кинескиот претседател пристигнува во Белград/фото: ЕПА

По Франција, Си Џинпинг ја продолжува европската турнеја со патување „на освоената територија“, а тоа се Србија и Унгарија, пишува парискиот весник „Монд“.

„Кинескиот претседател избра со своето присуство да почести две земји со ограничена демографска и економска тежина, но чии двајца лидери, претседателот на Србија Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан користат многу критичка реторика кон Западот, а тоа им се допаѓа на Кинезите“, пишува весникот.

За време на четиридневната посета на Белград и Будимпешта, „не треба да очекуваме критики за човековите права во Кина, за трговската политика на Кина или за поддршката на Пекинг за Москва. Напротив, Вучиќ има намера да го прослави, како што го опишува тој, „челичното пријателство“ меѓу Србија и Кина“, оцени францускиот весник.

Што се однесува до Унгарија, Орбан сака да ја одбрани „својата отворена политика“, бидејќи верува дека „Западна Европа е болна“, додаде Монд.

„И Србите и Унгарците се надеваат дека ќе добијат конкретни најави за инвестиции за време на оваа посета. Вучиќ објасни дека од кинескиот претседател ќе побара помош „за обновување на производството на возови“ во неговата земја, но и инвестиции во областа „летечки возила и „вештачка интелигенција“, пишува францускиот весник.

Унгарските медиуми шпекулираат за изградба на нова кинеска фабрика за електрични возила. Со својата одлучна прокинеска политика, Унгарија за неколку години успеа да стане водечка дестинација во Европската унија за кинеските производители на електрични возила, пренесе МИА.

„Во споредба со другите земји во регионот, како Чешка или Полска, кинеските компании ја ценат Унгарија поради континуираните добри односи со Кина веќе 20 години, оценуваат унгарски експерти“, пренесе Монд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот