Мојсоска: Како изгледа весела математика на ДИК и каде исчезнаа 110 гласови

  • Изјава на Јована Мојсоска, генерален секретар на Левица

„На официјалната страна на ДИК, во Струга во 02:28 часот (после полноќ) Левица имат 1.078 гласа. Нареден ден, резултатот за Левица се намалуваат за 110 гласови и тој е конечниот резултат за Струга.

Погодете: Резултатот на ВЛЕН се зголемил за 110 гласови (идентично!). На кој му одговара да ја минира Левица, а да го крева Влен, оставам на вас да процените.

Иако залудни се сите обиди за манипулации, уцени, притисоци и закани – не можете да го спречите доаѓањето на пролетта.“