Витаминот Ц игра многу важна улога во заздравувањето на кожата, борбата против инфекциите и апсорпцијата на железото, кое е неопходно за спречување анемија. Тој е моќен антиоксиданс, а исто така игра важна улога во зачувувањето на имунитетот на децата. Како што објаснуваат педијатрите, недостигот на витамин Ц кај децата доведува до кревки крвни жили, што може да резултира со крвавење на непцата, крвавење од носот и модринки. Исто така, доведува до намалено производство на колаген во кожата и коските, забавувајќи го зараснувањето на раните и предизвикувајќи слабеење на коските.

Најчеста возраст на која почнуваат да се појавуваат знаци на недостиг на витамин Ц е помеѓу шест месеци и шест години. Во почетокот можни се малку нејасни симптоми, како што се хронична дијареја, раздразливост или необјаснето и ненадејно губење на апетитот. Детето тогаш може да изгуби на тежина.

Како што се влошува ситуацијата, децата може да имаат крвавење и модринки, губење на косата, болка во рацете и во нозете, непријатност во зглобовите, замор и да немаат енергија. Доколку не се препознае навреме, недостигот на витамин Ц кај децата може долгорочно да влијае врз нивниот раст, а детето може да биде почесто да се разболува.

Извор



912

X