70-годишен велосипедист настрада во Велес

70-годишен велосипедист од Велес е тешко повреден откако бил удрен од мотоциклист кој исто така се здобил со повреди во инцидентот. 

- На 27.04.2024 во 16.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „Димко Најдов“ во Велес, пред Стар мост, мотоцикл „интајлер“ со велешки регистарски ознаки, управуван од С.Г.(38) удрил во велосипед, управуван од Н.Б.(70), и двајцата од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на велосипедот Н.Б., а со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот С.Г., констатирани во болницата во Велес, информираа од МВР. 

По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.