ВИДЕО | Дерала: Мирен почеток на изборниот ден, граѓаните и граѓанките можат лесно да го најдат своето избирачко место и да гласаат

Џабир Дерала/Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Ова е една ситуација во која ние сме навикнати да бидеме веќе 16 години, поточно ова е 16 година како набљудуваме избори во земјата, а се разбира во нашето 25 годишно искуство имаме искуство за тоа да знаеме што се човекови права, слободи и како тие се следат, а се разбира и како се бранат, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала во интервју на „Слободен печат“.

-Она што нам ни е многу важно од самиот почеток е дека на 8 мај ќе има многу повеќе набљудувачи од ЦИВИЛ, тоа ќе биде денот на парламентарните избори, овие избори ги мониторираме целосно со наши сопствени средства бидејќи сакаме да му помогнеме на изборниот процес да биде што е можно позаконит, пофер, подемократски и секако дека имаме низа извештаи од теренот и може да се каже дека ова е мирен почеток на изборниот ден со сончево време така што граѓаните и граѓанките можат лесно да го најдат своето избирачко место и да го остварат своето право на глас. Се разбира дека има и помали проблеми од техничка природа, имаме пријава во неколку градови вклучително и Скопје каде што се гледа дека фингер апаратите не баш функционираат кај секој гласач, но дека тие проблеми очигледно се надминуваат со другите одобрени начини со скенирање на лична карта и отпечаток“, додаде тој.

Дерала испрати апел до избирачките одбори да бидат повнимателни, бидејќи на еден од набљудувачите на ЦИВИЛ му е земен приватен податок а тоа е неговиот матичен број.

-Тие се разбира можат да го запишат, да го евидентираат нашиот набљудувач, се запишува број на лична карта, а матичниот број е личен податок кој не треба да влезе во тие записници. Тоа засега е помал процес. Апелираме до избирачките одбори да имаат предвид дека државната изборна комисија дека е известена дека секој наш набљудувач како и во изминатите 16 години е мобилен и може да посети повеќе избирачки места во текот на денот“, потенцираше Дерала.

Тој додаде уште неколку мали белешки во однос на набљудувањето.

„На едно избирачко место во Општина Центар, имаме еден гласач кој го крши избирачкиот молк во самото избирачко место, на излегување од избирачкото место, а друг гласач се истакнал со националистички извици. Мислам дека е убав празничен ден на демократијата“, заклучи Дерала.

Повеќе од разговорот со Џабир Дерала во видеото во продолжение…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот