Договорено: Арне Слот ќе биде новиот менаџер на Ливерпул

Арне Слот/фото: EPA-EFE/Olaf Kraak

Се чини дека веќе нема дилеми, Арне Слот на крајот од сезоната ќе го замени Јирген Клоп на клупата на англискиот фудбалски клуб Ливерпул.

Наводно, Ливерпул и Феенорд се договориле за условите за надомест што треба да го платат „црвените““, но сè уште не се знае колкава е сумата. Се споменуваат околу 13.500.000 евра, како и дека првите луѓе на Феенорд претходно одбиле 9.000.000.

Во моментов двата клуба работат на документацијата, а потоа Ливерпул ќе може и официјално да го објави името на новиот менаџер.

Холандските медиуми пишуваат дека двете страни се сретнале во петокот, а во последните неколку часа биле преземени конкретни чекори.

Минатата година Слот го предводеше Феенорд до втората шампионска титула во овој век, а во текот на трите сезони во Де Кајп го освои и Купот на Холандија. Најважно е што неговиот тим одигра многу добро, доминантно на теренот и крајно офанзивно, а сето тоа одлично се вклопува со барањата на „Енфилд“.

Клоп: Се радувам поради Ливерпул доколку Арне Слот е решението

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот