19 Мај, 2024
0.0313

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Објавено во: Мои пари 02 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Нема возрасен човек, што растел во 80тите и 90тите а да не ја знае оваа игра. Ја имаше насекаде и сите ја игравме, девојчиња, момчиња, а не ретко и возрасните знаеја да потскокнат. Играта е царица, но дали и вие ја знаете по тоа име? Ако оваа игра е позната како царица во Битола, истата игра во Кавадарци е наречена кралица. Во Скопје пак, а и скопскиот регион ако кажете царица или кралица, ќе помислат на играње шах, а не на оваа игра. Тука сите ја знаат како плочка. Тетовчани пак ја играат како дама, а можеби најинтересното име за оваа игра ја имаат прилепчани – куцкамен и охриѓани каде е позната како куцана.

Дали пропуштивме некое име? Како ја нарекувате во вашиот град?

А играта со малку труд буди многу спомени од детството. Потребно е само креда, камче и слободен простор. Нацртајте ја шемата за игра, најдете камче како плочка, да се лизга а не тркала, фрлете го камчето во едно од полињата и пред вас го имате предизвикот пак да бидете дете.

Може да ја нацртате на различни начини со различен број на полиња. Секое поле го означувате со број од 1 до 8. Првиот играч од определено растојание ја фрла плочката прво во квадратче означено со број 1 за да започне. Доколку го погодите, започнувате со скокање во полињата (каде што има едно квадратче, застанувате со една нога, каде што се две едно до друго – со двете нозе истовремено). Скокате врз полињата, од едно во друго, без да ги згазнете линиите и на крајот се обидувате да ја поместите плочката.Кога се враќате назад, мора да ја подигнете плочката од полето. Потоа продолжува постапката во второто поле, па третото…сè додека не го промашите полето или не згазнете на линија. Во тој случај друг играч доаѓа на ред.

На крајот од шаблонот стои полукруг и доколку падне плочката таму, мора да се почне од 1. На крајот од играта, откако ќе се поминат сите броеви, треба да се фрли надвор од полукругот, но кога ќе се тргне по камчето, не смее да се стапне во него. Скокот во овој момент се изведува со една нога. Победник е оној кој прв ќе ги помине сите квадратчиња и ќе се врати безбедно.

Кралица или царица, плочка, дама, куцана или куцкамен, не е само игра што неизбежно нѐ потсетува на детството. Заиграјте заедно со децата и уживајте во моментите на заедничка среќа. Земете чаша чоколадно млеко Моја Кравица и дозволете богатиот чоколадно млечен вкус да ве врати во детството и уште еднаш да потскокнете по шемата. Играјќи ја играта не само што ќе го разбудите детето во себе, ќе се вратите во вашето детство туку и на вашите деца ќе им дадете пример за игра која ја подобрува рамнотежата и ги зацврстува мускулите од нозете.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО