logo
logo
logo

Заседава Парламентарното собрание на Советот на Европа-на дневен ред приемот на Косово(Во живо)

Vecer | 16.04.2024

Заседава Парламентарното собрание на Советот на Европа-на дневен ред приемот на Косово(Во живо)

За усвојување на предлогот мора да гласаат две третини од присутните членови на Парламентарното собрание.

Нешто пред 17:30 часот почна расправата за точката на дневниот ред со наслов „Барањето на Косово за членство во Советот на Европа“ на пленарната седница.

Извештајот го презентира известувачот на Парламентарното собрание на Советот на Европа за прием на Косово - Дора Бакојани.

За учество на расправата беа пријавени 65 пратеници, а на текстот на предлогот за прием беа поднесени 15 амандмани.

Пред пленарната седница, Политичкиот комитет на ПССЕ ги отфрли сите амандмани на српската и италијанската делегација, кои се обидоа да го омекнат текстот на предлогот и да ја одложат одлуката за прием на Косово додека Советот за безбедност на Обединетите нации „не го утврди или одобри статус на Косово и Метохија“, објави Телеграф.

Србија, исто така, побара предложениот текст да се промени, така што формирањето на ЗСО е предуслов за продолжување на процесот на разгледување на барањето на Косово за членство, а не „постпристапна обврска“, како што се наведува во препораката.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави деказа  барањето на Косово денеска ќе се гласа во ПССЕ, но дека главната битка ќе се води на 16 мај, кога за тоа ќе одлучува Советот на министри. Тој изјави дека поради вмешаност на Франција оваа точка може да биде тргната од дневен ред, односно одлуката да се одложи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk