Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола на територијата на земјава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани 195 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 94 возила јa пречекориле брзината во населено место, а 101 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Тие апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.


Администратор
05/03/2024 23:16