Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на ЕПП ќе даде поддршка за Урсула Фон Дер Лајен

ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на ЕПП ќе даде поддршка за Урсула Фон Дер Лајен која се очекува да ги предводи листите на ЕПП за следните избори за ЕП.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја покажува својата европска ориентираност и присуство на најважните настани во ЕУ. Овој конгрес се смета за најголемиот европски собир кој се случува затоа што станува збор за собир на најголемата партија во Европскиот парламент, тоа е Европската Народна партија, каде што ВМРО-ДПМНЕ е членка, вели Стефан Андоновски меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Андоновски истакна дека на Конгресот на ЕПП се избира предводник на листата на ЕПП за следните избори на ЕП кои ќе се случат оваа пролет.

Не треба премногу да зборувам за важноста на настанот, туку што во вашето вклучување покрај нас на 3 метра помина Урсула Фон Дер Лајен претседателката на ЕК. Како и вие што кажавте активно учествуваме на овој конгрес. Многу е важен затоа што се избира водачот предводникот на листата на ЕПП за следните избори на ЕП кои ќе се случат оваа пролет. Тоа ќе биде токму Урсула Фон Дер Лајен и се очекува дека и ние ќе ја дадеме поддршката за вкупните случувања во ЕУ, за подобра ЕУ, за ЕУ која е ориентирана кон Западниот Балкан, ЕУ која вистински ќе се грижи за реформи, за економски реформи за напредок, но во исто време ќе ги вклучува и земјите од целиот Западен Балкан при што и Македонија, рече тој.

Андоновски информираше дека на оваа посета ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари средба со претседателот на ЕПП Манфред Вебер, претседатели и премиери на држави од регионот и од Европската унија.

Ние денеска ќе учествуваме на бројни билатерални средби со највисоките претставници на ЕУ, претседателот на ЕПП Манфред Вебер исто така е планирана состанок. Претседатели и премиери на држави од регионот, од ЕУ со кои што исто така планираме состаноци и мислам дека ќе биде ова уште еден многу успешен Конгрес на ЕПП, и многу успешно одбележување на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на нашите активности тука, заклучи Андоновски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фатена чудна кинеска банда: Фалсификувале монети од две евра?!

Чудна банда кинески фалсификатори е фатена во Шпанија, која правела лажни монети од две евра.

Ова е чудна идеја на фалсификаторите бидејќи во Европската Унија најчесто се фалсификуваат банкноти од 50 и 20 евра, што е и логично - тие се најобични банкноти, и има многу мали шанси некој да ги земе под микроскоп. од банкноти од 100 или 200 евра, пренесува Дојче веле.

Со помош на Европол, шпанската полиција во Толедо разби синџир фалсификатори на пари кои фалсификувале половина милион „висококвалитетни“монети од две евра.

Полициската акција е опишана како „најважната“ против фалсификувањето на пари во Европа во последните 10 години.

Уапсени се 10 кинески државјани, а шпанската полиција соопшти дека ги бркала шест години. Се вели дека монетите се исклучително тешки за следење.

Монетите немаат холограми и безбедносни печати како хартиените пари. Но, повторно имаат доволно карактеристики што тешко се копираат.

Во Италија тврдат: Димитријевиќ ќе биде ново засилување на Олимпија Милано

Познатиот италијански новинар Андреа Калцони во ексклузивна вест денеска вели дека нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

– Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер, објави новинарот на социјалните мрежи.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, а сезонава во регуларниот дел заврши на 12-тото место.

Популарниот Нено сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, утре Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Утре во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

притисни ентер