Гинеколог открива кои се најчестите прашања на жените кога доаѓаат на преглед: Интимната депилација е главната грижа – докторката има директен совет

Точка

03/04/2024

15:04

5.032

Големина на фонт

а а а

Покрај прашањата за здравјето, жените кога доаѓаат во гинеколошката ординација ги мачат извесни сомнежи и дилеми.

Со цел да привлече внимание на фактот дека не треба да се грижите за тоа, гинекологот Мике Керхоф ги открила најчесто поставуваните прашања на пациентите, кои откриваат дека некои жени и понатаму бегаат од овој вид преглед, иако не би требало затоа што станува збор за неопходен и клучен чекор на здравствената заштита.


Што најчесто прашуваат жените на гинеколог?

„Може ли да не ги соблекувам чорапите?“ – „Жените се срамат кога се соблекуваат пред мене и не знаат што да прават. Се разбира, не мора да ги соблечете чорапите бидејќи јас не морам да ги гледам вашите стапала. И попријатно е така“, изјавила докторката за „Het Laatste Nieuws“ и открила повеќе детали:

„Уште едно прашање кое редовно се поставува гласи: ’Докторка, дали може да не обрнувате внимание на влакната на моето тело?‘ – Според мене, никој не треба да се депилира (интимна депилација). Тоа резултира со поткожни влакна. Едноставно миење со млака вода, без сапун, доволно е.


Гинеколозите претходно ги издвоиле најчестите грешки кои ги прават жените кога станува збор за гинеколошки преглед: го прескокнуваат прегледот поради менструацијата.

Менструацијата не е причина да не дојдете на преглед. Консултирајте се со вашиот лекар за тоа кои тестови може да се направат во текот на циклусот, а кои не.

• Сами поставуваат дијагноза: Секоја жена добро го познава своето тело, но кога станува збор за секрети и други проблеми, многу жени имаат тенденција да се самодијагностицираат, што може да има голем број на последици.

• Не говорат за тоа какви лекови користат: Треба да бидете одговорни за вашето здравје, а деталите за тоа која терапија ја земате се многу важни информации за гинекологот и потенцијалниот понатамошен третман.


• Некои жени одат на гинеколог само кога ќе забележат одреден проблем, а тогаш често е предоцна. Исклучително е важно да одите на редовни прегледи.

• Чувство на непријатност поради недепилирање

Жените често се загрижени поради депилацијата, односно кога одат на преглед, а претходно не биле на депилација. Докторите велат дека воопшто не обрнуваат внимание на тоа и дека нема причина за непотребна грижа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг