Вардар победи во дербито со Алкалоид и го осигура второто место

Фото: РК Вардар

Eкипата на Вардар славеше победа во дербито со Алкалоид во СЦ „Јане Сандански“ со резултат 24:21. Со овој триумф вардарци го заверија второт место на две кола пред крајот.

Во поголем дел од натпреварот Вардар имаше предност и на крајот заслужено победи. Алкалоид имаше солиден почеток и неколкупати водеше со два гола разлика, сепак Вардар на паузата замина со водство од 12:11.

Алкалоид во вториот дел успеа двапати да дојде до нерешено, меѓутоа не и да го сврти натпреварот. На крајот Вардар ја одбрани предноста и победи со три разлика која беше и најголемата во натпреварот.

Јапонецот Јасихура беше најефикасниот во редовите на Вардар со осум гола, додека за Алкалоид браќата Митеви постигнаа по пет гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот