За квалитетни кадри е потребна и квалитетна опрема, два македонски конзорциуми добија грант од над 950 илјади евра

Фото: Архива

Првиот проект е во партнерство со повеќе домови за нега на стари лица и треба да обезбеди квалитетен медицински кадар, а вториот треба да ги зајакне практичните вештини на повеќе технички струки

Конзорциумите предводени од Центарот за семејна медицина на Медицинскиот факултет во Скопје во партнерство со 9 приватни установи за социјална грижа на стари лица и од Средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ од Битола во партнерство со 9 битолски компании, се годинешните два добитника на третиот грант на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), во вредност од над 951 илјада евра. Ова е и официјалниот крај на третиот повик, за стручно образование и обуки изработени во соработка помеѓу претпријатијата и установите за стручно образование и обука во регионот, кој беше означен во Стопанската комора на Македонија.

Првиот проект е наречен „Образование со мобилна симулација за обука“, како одговор на барањата на домовите за стари лица и примарната здравствена заштита, а вредноста на инвестицијата од 362 илјади евра и ќе обезбеди висококвалитетна опрема за учење на далечина и развој на е-алатки за медицински сестри, старатели и палијативни пациенти.

Вториот добитник на грант во висина од 589 илјади евра е наречен „Мост до успех кариера“ е за зајакнување на практични вештини со најсовремена опрема и ќе произведува висококвалификувани техничари за индустриска мехатроника, техничари за електрична енергија и електротехничари за компјутерска технологија и автоматизација.

– Потребно ни е функционално образование кое ќе ги препознава и ќе ги следи потребите на стопанството и дуално образование како најефикасен модел за обезбедување стручен кадар преку практична обука на учениците – истакна Антони Пешев, извршен директор, Стопанската комора на Македонија.

Инаку, на третиот повик за предлог-проекти, пристигнаа 155 изјави на интерес од земјите на Западен Балкан, од кои 25 беа од Македонија, а Комисијата за избор одлучи да ги финансира двата најуспешни проекти со вкупен износ од 951.905 евра.

Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) е финансиска институција што има за цел зголемување на конкурентноста на претпријатијата во Западен Балкан 6 преку финансирање инвестиции во опрема и инфраструктура за проекти за дуално и стручно образование изработени во партнерство на установи за стручно образование и претпријатија. Грантовите се доделуваат по пат на конкурентен регионален предизвик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот