• Саше Љолес
Новата аквизиција на ФК Вардар, Ѓорѓије Јанкулов, изјави дека е среќен што пристигнал во најтрофејниот македонски клуб и едвај чека да настапи пред бројната армија навивачи на „црвено-црните“.
23-годишниот дефанзивеца најавува голема борба за бодови на секој натпревар и очекува тимот да се издигне од серијата лоши резултати.
„Прекрасно е чувството да се биде дел од најголемиот клуб во Македонија. Ме радува фактот што ќе играм пред огромен број навивачи и симпатизери на Вардар, тоа секогаш ќе ми дава дополнителна мотивација на теренот.
Ветувам дека на секој меч ќе го давам својот максимум и ќе се обидам да му помогнам на тимот да оствари подобри резултати. Имаме јасна цел, а таа е да обезбедиме опстанок во лигата и да го освоиме Купот на Македонија“, изјави Јанкулов.
Вардарци го завршија есенскиот дел од првенството на претпоследната позиција на табелата, но со новите засилувања се очекува нештата да се променат на подобро. Во моментов „црвено-црните“ имаат само тринаесет бода на своето салдо.