logo
logo
logo

Баер е на пат да ја заврши сезоната без пораз, еве кои клубови може да се пофалат со тоа

Vecer | 23.04.2024

Баер е на пат да ја заврши сезоната без пораз, еве кои клубови може да се пофалат со тоа

Баер Леверкузен се закити со титулата во Бундес лигата, па сега има нова цел, да ја заврши сезоната без пораз. Пред неколку денови „Фармацевтите“ беа пред пораз во Дортмунд но во 97 минута постигнаа гол и изедначија.

Севкупно Баер е во серија од 45 натпревари без пораз (во сите натпреварувања) со што го помина Јувентус кој имаше 43 мечеви без пораз во сезоната 2011/12.
До крајот на сезоната во Бундес, Баер ќе игра со Штутгарт, Ајнтрахт, Бохум и Аугзбург.

Ако избегнат пораз тогаш ќе стане само третиот клуб во 21 век кој може да се пофали со тоа. Такво нешто им успеало на Јувентус во 2011/12 и Арсенал во 2003/04.

Покрај овие два клуба во најсилните лиги на светот без пораз завршувале Престон (1888/89), Про Верчели (1912/13), Џенова (1922/23), Атлетик Билбао (1929/30), Реал Мадрид (1931/32), Милан (1991/92) како и Перуџа (1979/80) но, интересно, никој од овие тие сезони не биле шампиони.

Што се однесува до послабите европски лиги Селтик во 2016/17, Ренџерс 2020/21, Славија Прага 2020/21, Олимпијакос 2019/20, ПАОК 2018/19, Порто 2010/11 и 2012/13 завршувале без пораз. Црвена Звезда два пати била шампион на Србија без пораз и тоа во 2020/21 и 2022/23.

Во Македонија Вардар два пати бил шампион без пораз (1992/93 и 1994/95) и Силекс (1995/96).


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk