Германија ја легализира марихуаната, сепак ќе има и ограничувања

Германскиот парламент го поддржа новиот закон со кој се дозволува рекреативна употреба на канабис.

Според законот, возрасните во Германија ќе можат да поседуваат значителни количини канабис, но строгите правила ќе го отежнат купувањето на дрогата, јавува Би-Би-Си.

Пушењето канабис на многу јавни места ќе стане легално од 1 април.

На јавни места ќе биде дозволено поседување до 25 g, што е еквивалент на десетици силни џоинтови. Во приватните куќи законската граница би била 50 грама. Полицијата во некои делови на Германија, како што е Берлин, често замижува пред пушењето во јавност, иако поседувањето на дрога за рекреативна употреба е нелегално и може кривично да се гони.

Употребата на дрога кај младите со години е во пораст и покрај постоечкиот закон, вели министерот за здравство Карл Лаутербах, кој ги предводи реформите. Тој сака да го ослабне црниот пазар, да ги заштити пушачите од контаминиран канабис и да го намали приходот на организираните криминални банди.

Но, легалните кафулиња за канабис нема да се појават низ целата земја одеднаш. Жестоката дебата за декриминализацијата на канабисот беснее со години во Германија, при што медицинските групи изразија загриженост за младите луѓе, а конзервативците тврдат дека либерализацијата ќе ја поттикне употребата на дрога.

Симоне Борхарт од опозициската конзервативна ЦДУ изјави пред Бундестагот, германскиот парламент, дека владата продолжува со својот „целосно непотребен, збунет закон“ и покрај предупредувањата од лекарите, полицијата и психотерапевтите. Сепак, Лаутербах вели дека сегашната ситуација повеќе не е одржлива:

„Бројот на потрошувачи на возраст од 18 до 25 години е двојно зголемен во последните 10 години“, рече тој.

Како што често се случува во Германија, законот одобрен од пратениците попладнево е комплициран. Пушењето канабис во близина на училишта и спортски терени ќе продолжи да биде нелегално. Клучот е што пазарот ќе биде строго регулиран, па купувањето дрога нема да биде лесно.

Првичните планови да им се дозволи на лиценцираните продавници и аптеки да продаваат канабис се укинати поради загриженоста на ЕУ дека тоа може да доведе до пораст на извозот на дрога.

Наместо тоа, клубовите на некомерцијалните членови, наречени „социјални клубови за канабис“, ќе растат и ќе дистрибуираат ограничена количина на дрога. Секој клуб ќе биде ограничен на 500 членови, нема да биде дозволено консумирање канабис на лице место, а членството ќе биде достапно само за германските граѓани.

Ќе биде дозволено и одгледување сопствен канабис, со дозволени до три растенија марихуана по домаќинство. Тоа значи дека Германија би можела да се најде во парадоксална ситуација да дозволи поседување на доста големи количини на дрогата, а во исто време да го отежне легалното купувањето.

Редовните пушачи би имале корист, но случајните корисници ќе се мачат да го купат легално, а туристите би биле исклучени. Критичарите велат дека тоа едноставно ќе го зајакне црниот пазар. Во текот на следните неколку години, владата сака да го процени влијанието на новиот закон и на крајот да воведе лиценцирана продажба на канабис.

Но, со оглед на тоа колку напорна беше дебатата досега, ништо не е сигурно.

Во меѓувреме, опозициските конзервативци велат дека доколку дојдат на власт следната година, целосно ќе го укинат законот.

Манчестер сити четврти пат по ред шампион на Англија

Манчестер сити е шампион на Англија во сезоната 2023/24. 

Во натпреварот од 38. коло „Граѓаните“ на домашен терен го победија Вест Хем (3:1). Двоен стрелец беше Фил Фоден. Играчот од средниот ред погоди во 2. и 18. минута. Родри постигна уште еден гол од додавањето на Фоден во 59. минута.

Стрелец на единствениот гол за гостите беше Мохамед Кудус (42. минута).

Манчестер сити заврши на првото место во Премиер лигата со 91 бод пред Арсенал кој собра 89. Тимот на Пеп Гвардиола ја освои шампионската титула четврти пат во низа. Покрај тоа, ова е шеста титула за Гвардиола во Премиер лигата.

Вкупно Манчестер сити има 10 трофеи. По бројот на шампионски титули, пред Сити се само Арсенал (13), Ливерпул (19) и Манчестер јунајтед (20).

Вест Хем ја заврши сезоната на деветтото место на првенствената табела. /МИА

Сасуоло испадна од Серија А по 11 сезони во првата лига

Сасуоло испадна од италијанската Серија А. Денес  тимот загуби на домашен терен од Каљари (0:2) во натпреварот од 37. коло на најсилното фудбалско првенство во Италија.

Попладнево Удинезе и Емполи ремизираа (1:1) и се одлепија од Сасуоло на недостижни 4, односно 5 бода на едно коло пред крајот на првенството. Сасуоло (29 бодови) е претпоследен во поредокот.

Сасуоло стигна до Серија А во 2013 година. Оттогаш, тимот помина 11 сезони во највисоката дивизија.

Претходно Салернитана рано испадна од Серија А.

Третиот тим кој ќе ја напушти елитата ќе се бара помеѓу екипите на Емполи, Удинезе, Фросиноне, Верона и Каљари./МИА

Таравари се демантира самиот себе

Арбен Таравари ретерира од својата изјава дадена вчера за косовската државна телевизија дека ВРЕДИ ќе има 6 министри во идната Влада.

Денеска вели дека договор се уште не е постигнат, а информацијата што произлезе од него била дезинформација. Вели дека нема договор ниту за претседателот на Собранието да биде од нивните редови, иако вели дека остануваат на тоа барање, за да остане воспоставената пракса една од трите највисоки државни функции да биде раководена од Албанец.

Преговорите на работните групи меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „ВРЕДИ“, според најавите, ќе продолжат и утре за да се финализира владината програма, а до петок се очекува да бидат договорени и кадровските решенија. Во меѓувреме во среда ќе има и прегласување на седум избирачки места во 5 и 6 изборна единица за да се види финалниот распоред на силите во Собранието.

притисни ентер