Силјановска-Давкова: Ова е почеток на ново време

Гордана Силјановска-Давкова / Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

По денешниот прв круг од Претседателските избори во кој има предност пред кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски рече дека ова е почеток на ново време.

– Ја научивме лекцијата. Мора да се однесуваме пристојно, изјави Силјановска-Давкова на прес-конференција.

Таа најави дека она што ќе го вети ќе го оствари на нејзин начин и дека со должна почит ќе се однесува кон противкандидатот во вториот круг.

– Овој резултат е неверојатно инспиративен за мене. Немам зборови со кои можам да ја изразам благодарноста, на пати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат. Не мислам дека сум посебна. Само знам дека она што ќе го ветам ќе го остварам на мој начин, од првиот ден. Ова е крајот на првиот круг, доаѓа вториот. Јас ќе се однесувам со должна почит кон оној со кој што се натпреварувам, треба да ги инспирираме граѓаните да ги увериме дека вреди да се учествува на изборите. Без граѓани нема Македонија. Јас не ги делам граѓаните, јас знам дека претседател на држава мора да биде надпартиска личност, да слуша, да докажува, да инспирира, да го исполнува она што го ветила. Знаењето е вистинската моќ.

Постојано повикував на владеење на правото, но уште повеќе на единство во оваа држава. Запомнете, јас ќе соработувам со партијата што ме предложи, со премиерот, со министрите, но ќе соработувам и со опозицијата, со невладиниот сектор, со медиумите. Ве уверувам дека ќе се обидам дека секој ден и секому да покажам и докажам дека сум таму заради Македонија. Сакам да бидат на мене горди, бидејќи јас ќе го докажувам тоа. Македонија не може да биде само моја, туку на сите вас, изјави таа.

Притоа нагласи дека претседателот на државата мора да биде натпартиска личност и дека таа ќе соработува со сите – и власт и опозиција и со медиумите.

– Секој ден ќе докажувам дека сум таму не заради политичка кариера туку заради Македонија, рече Силјановска-Давкова.

Во обраќањето на прес-конференцијата уште кажа дека е потребна соработка во регионот, регионален пристап во битката за интеграција во ЕУ и, како што кажа, „заедно да направиме синоним за регионална интеграција“.

Гордана Силјановска-Давкова Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Што се однесува до резултатот од денешното гласање, рече дека тој е „инспиративен“ за неа и нема зборови за благодарност.

Прес-конференцијата на Силјановска-Давков беше пренесуван на видеобим пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ каде што веќе започна прослава на приврзаниците на партијата кои се собираат од повеќе делови од Скопје.

ФОТО+ВИДЕО | Симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ се собираат пред партиското седиште

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот