Велков за ТВ 24: Со отварање на рудникот ќе го изгубиме гнездото за живеење

Стојан Велков советник во општина Босилово  и претседател на „Здрава котлина“ во емисијата 24 Отворено рече дека како се води целата работа од страна на концесионерот  и луѓето вклучени од трите најголеми партии, изгледа дека е битка за профит.

- Имаме и друга страна, страната на вистината. Нас не засега тоа што ќе го изгубиме гнездото за живеење. Ако политичарите кои може да одлучуваат размислуваат така, и ако во нивните партиски структури се генерира таква сила и таква енергија, за да сфатата дека лично се засегнати, тогаш ќе престанат да си ја префрлаат топката и ќе генерираат енергија за спречување на тој рудник да се отвори. Тоа е тоа што може да ги сплоти и политичарите и народот. Преку глава ни е да се актуелизира прашањето за рудникот само пред избори. Ние бараме од партиите да ја слушнат вистината за тој рудник и со сите сили да се споре тоа. Во однсо на загадувањето на животната средина, мра да бидемем многу ригорозни. Ако се водиме по профитот, после неколку години ќе видиме како ќе живеат идните генерации. - вели Велков.