Спалети објави италијански список за Германија, отпаднаа два играчи на Интер

Италијанскиот селектор Лучијано Спалети го објави списокот за мартовските натпревари од Лигата на нациите. 

„Аѕурите“ ќе одиграат четвртфинален двомеч против селекцијата на Германија, а Спалети ги одреди актерите. Од тимот отпадна дуото од Интер, Димарко кој е повреден и ветеранот Ачерби. Шанса да играат ќе добијат Чезаре Касадеи кој се врати во калчото и е соиграч на Елмас во Торино, Матео Закањи и Матео Политано, како и младиот Матео Ругери од Аталанта. 

  • Списокот на Италија за двомечот со „панцерите“:

Првата средба на 20 март се игра на „Сан Сиро“, а реваншот е три дена подоцна на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.