Кривична против двајца Гостиварци, извршиле 14 кражби

Поднесена е кривична пријава против две лица од Гостивар поради сомнеж дека извршиле 14 „тешки кражби“. Главна мета им биле домовите на граѓаните а настрадале и два правни субјекти. Од кражбите успеале да се стекнат со имотна користо од речиси 5 илјади евра.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.К.(20) и С.И.(41), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени 14 кривични дела „тешка кражба“. Пријавените, во периодот од јануари до февруари 2024 на подрачјето на општина Гостивар, со употреба на сила и погоден предмет, од простории на граѓани и два правни субјекти одзеле повеќе предмети и се стекнале со противправна имотна корист од 310.500 денари“.