19 Мај, 2024
0.0263

ГИ ИЗГУБИЈА СЕМЕЈСТВАТА: Нема безбедно засолниште во Рафа за 600.000 деца

Објавено во: Свет 07 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Над половина милион деца немаат безбедно засолниште во Рафа. 

Во Рафа во моментов има 78.000 деца на возраст под две години и 175.000 деца на возраст од пет години, при што 8.000 деца до две години се соочуваат со акутна неухранетост и 65.000 деца со пречки во развојот.

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) предупреди дека 600.000 деца во Рафа немаат каде да одат на безбедно во случај на израелски напад и принудно раселување во тој град на југот од блокираниот Појас Газа. Израелската армија издаде итна наредба за евакуација на Палестинците во источните квартови на Рафа и ги повика да се преселат во градот Ал-Маваси на југ.

„УНИЦЕФ повикува на заштита на цивилите и инфраструктурата што ги поддржува нивните основни потреби, како што се болниците и засолништата“, се наведува во соопштението на агенцијата на ОН.

Хуманитарната ситуација во Газа се влошува.

„Рафа сега е град каде што децата нема каде да одат на безбедно во Газа“, рече Кетрин Расел, извршна директорка на УНИЦЕФ.

Таа изјави дека некои од овие деца биле раселени повеќе пати и ги изгубиле своите домови и семејства.  Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека последниот предлог на Хамас за договор за прекин на огнот е дизајниран да го саботира влезот на израелската армија во Рафах.

Палестинската терористичка група Хамас на 7 октомври лани го нападна Израел. Потоа, Израел почна со операција во Газа за да ја уништи групата Хамас. 

Можеби ќе ве интересира

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела