Совети за лозарите
16-02-2024 РЕГИОН

Во лозовите насади се вршат операците кроење и редовна проверка и обновување на конструкцијата.
Во наредниот период агрономскиот тим ќе изврши известување за редовната пролетна хемиска заштита на лозовите насади, која е потребна како добар старт за понатамошната годишна добра состојба на виновата лоза. Во овоштарството со увид на терен констатирано е дека поголемиот дел од земјоделците ја имаат извршено операцијата кроење и зимиска заштита кај која се користат хемиски средства кој во својот состав имаат бакар и масла кои се користат како заштита против инсекти.
Се препорачува да се изврши прихрана (ѓубрење) на насадите за подобра годишна кондиција. Видот и количината на прихраната да биде со консултација и препорака на локалните земјоделски аптеки.
Изготвил: Зоран Младеновски.

Додади коментар