ВИДЕО | Дебакл на Манчестер Јунајтед против Кристал Палас!

Фото: Crystal Palace

Вечерва Манчестер Јунајтед им приреди вистинско разочарување на своите навивачи претрпувајќи убедлив пораз од Кристал Палас со 4:0.

Денеска фудбалерите на Манчестер Јунајтед беа на ниво на просечен тим, а не на еден таков гигант. Треба да се каже дека дури и Јунајтед може да биде среќен со четирите примени погодоци, колку и тоа чудно да звучи. Кристал Палас создаде голем број прилики и од нив реализираше четири.ѓ

Серијата ја отвори Олис во 12. минута и ја затвори во 66. минута од натпреварот, додека преостанатите два гола беа дело на Матета и Мичел.

По овој пораз Јунајтед останува на осмата позиција и тоа со негативна гол-разлика од „минус три“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот