Мицкоски: Ова е победа на народот, цунамито се крена

 

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прави голема грешка, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

- Оваа власт паѓа. Ова е најдобриот резултат што ВМРО-ДПМНЕ го имала од позиција на опозиција. Над 600 илјади луѓе гласаа против власта, ова е победа на народот, цунамито се крена, а на 8 мај ќе ги потопи целосно. Имаме обврска да им ги срушиме сите идеи за калкулации и предавство. Ова е револуција на народот на Македонија. Работата не е завршена, а власта не е нималку наивна. На осми мај е потребен убедлив резултат, јасна победа врз оваа криминална и корумпирана власт“, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.