Регион

Црна Гора: „Идеа-ЦГ“ издвојува 4,2 милиони евра за своите вработени

09 мај 2024

Членка на групацијата „Фортенова“ најави дека планира да инвестира 4,2 милиони евра во подобрување на условите за работа на своите вработени во текот на 2024 година.

Вработените ќе добијат нови поволности како празнични подароци за први мај и новогодишни празници, како и регрес за годишен одмор.

За овогодинешните првомајски празници се издвоени 120 евра за околу 2.600 вработени.

Нашите вработени се најголемата сила на нашата компанија, а нашата мисија е да одговориме на нивните потреби што е можно поадекватно и да им обезбедиме најдобри можни услови за работа. Во оваа смисла, зголемувањето на платите и создавањето нови бенефиции е исклучително важно, не само за нашите вработени, туку и за компанијата, која станува препознаена како конкурентен и посакуван работодавач, изјави Иван Караџиќ, извршен директор на „Идеа-ЦГ“.

Покрај новите поволности, вработените добиваат и роденденски бонуси, подароци за новороденчиња, поаѓање во училиште и за првиот роденден на детето, како и посебни поволности при плаќање со Супер картичка.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...