logo
logo
logo

Мората има големи болки, ќе мора на операција

Vecer | 25.04.2024

Мората има големи болки, ќе мора на операција

Напаѓачот Алваро Мората веќе неколку дена не тренира со Атлетико Мадрид, а причината е неподносливата болка предизвикана од невралгија на тригемината.

Тоа е хронична болна состојба која го зафаќа тригеминалниот нерв, еден од најважните нерви на нашето лице, и може да трае од една секунда до две минути. Дури и благите движења, како што е четкањето на забите, може да предизвикаат болка која обично ја зафаќа десната страна на лицето, особено кај луѓе постари од 50 години.

Се смета за „најболната болест позната во медицинската пракса“, пишува шпански „АС“, додавајќи дека честопати дури и лековите не се доволни за да им помогнат на пациентите кои страдаат од неа.

Мората моментално има големи болки, поради што зема лекови, но не е сосема сигурно дека ќе биде подготвен за натпреварот против Атлетик Билбао. За жал, овој тип на третман не е нужно ефикасен, па затоа често е неопходна операција.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk