Од Град Скопје за тв 24: Мостот Беласица се товари, од резултатите зависи дали мостот ќе биде пуштен целосно во употреба

Ќе профункционира ли конечно мостот Беласица?

Мостот денска е целосно затворен. Се правеше проверка на стабилноста , со товарење на статистички и динамички товар .

Од Град Скопје за тв 24 велат дека доколку резултаите се добри мостот ќе се пушти во употреба во сите 4 ленти.

„Денес мостот Беласица од страна на ЕСМ согласо вештите наоди се товари со статички и динамички товар со цел мерење на угиби, по завршСувањето на мерењата и добивање на извештај од мерењата доколку се задоволени дозволените параметри, мостот ќе се пушти во целосна употреба во сите 4 ленти.“ - велат од Град Скопје.

Тв 24 сe обиде да дојде до каде е промената на цевките под мостот , за кои градот и ЕСМ со месеци си ја префрлаа топката , но отаму не одговорија на прашањата на тв 24. Сеизмологот Михаил Гаревски , чиј институт беше најмен од ЕСМи требаше да направи проект за санација на мостот, за надзор на изведбата на санацијата и пробно товарење на мостот , пред еден месец изјави дека есм само еден ден по потпишувањето на договорот го раскинала. Неговиот институт направи и извештај до градот Скопје околу штетите на мостот Беласица.