ЛОШИ ВЕСТИ ЗА СИТЕ ШТО ПЛАНИРААТ ПАТУВАЊЕ! Поскапуваат авионските билети ширум светот, еве колку ќе скокнат цените до лето!

Објавено во: Финансии, Свет 27 Февруари, 2024 06:00
Ирската нискобуџетна авиокомпанија би можела да ги зголеми цените на билетите ова лето за десет отсто на годишно ниво поради недостигот на авиони, изјави извршниот директор на компанијата, Мајкл О'Лири.
Тој рече дека проблемите со испораките на авионите „Боинг“ и „Ербас“ ќе го ограничат капацитетот за превоз на патници и со тоа ќе се одразат на поскапувањето, пренесува „Скај њуз“.
- Во летото 2023 година, нашите просечни цени на авионски билети се зголемија за 17 проценти на годишно ниво, а тие повторно ќе се зголемат во летото 2024 година - најави Мајкл О'Лири.
Рајанер во моментов верува дека цената на авионските билети ова лето ќе се зголеми меѓу пет и десет проценти на годишно ниво
– Може да биде повисоко или пониско од тоа, навистина не знаеме – рече О’Лири.
Рајанер првично прогнозираше дека ќе превезе 205 милиони патници во фискалната година што завршува на крајот на март 2025 година.
Очекувањата сега се поскромни поради недостигот на авиони.
Со помалку авиони, можеби ќе треба да ја намалиме таа бројка на 200 милиони патници или дури и под тоа, предупреди Мајкл О'Лири.
Можеби ќе ве интересира
ИНТЕРВЈУ СО ТОНИ СТОЈАНОВСКИ, ДИРЕКТОР НА НЛБ БАНКА: Стратешки приоритет на НЛБ Банка е до 2030 година да биде целосно дигитална банка
АКЦИИТЕ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ СЕ ВРАТИЈА „ВО ИГРА“ - Европските берзи силно пораснаа

МАКЕДОНЦИТЕ НА ИНТЕРНЕТ НАЈМНОГУ ПОРАЧУВААТ ПРЕКУ БУКИНГ, НЕТФЛИКС, АМАЗОН - над 280 милиони евра свртени преку он лајн пазарењето

Тарифната војна го уништува доларот: Падна на најниско ниво во последните три години

ЕВЕ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ ЧИСТАЧКИТЕ НА АПАРТМАНИ ВО ХРВАТСКА: Од 300 до 500 евра за едно доаѓање!

КУЌА НА ХАЛКИДИКИ ОД 90 КВАДРАТИ ПОЕФТИНА ОД СТАН ВО СКОПЈЕ: На 20 метри од морето, фантастичен поглед од тераса! Еве како изгледа и колку чини!

„СЛЕДНАТА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА ЌЕ БИДЕ ЗА ЕДЕН ПЕНЗИОНЕР!“: И Ванковска се огласи за потрошувачката кошничка

Акционерите на Комерцијална банка на слатки маки! НА ШТО ПОДЕЛИЈА 80 МИЛИОНИ ЕВРА?
