Вредна донација на Mozzart за четири институции

Компанијата Mozzart продолжува со општествено одговорни акции насочени кон различни институции.

vredna-donacija-na-mozzart-za-chetiri-institucii-01.jpg

Последни во низата се три училишта и еден здравствен дом на кои лидерот во приредување игри на среќа им донираше телевизори.

Нови тв уреди беа донирани во ООУ „Страшо Пинџур” во Скопје, ООУ „Ванчо Прке” во Штип и ООУ „Ѓорѓи Сугаре”во Битола, со што учениците ќе имаат подобри услови за следење на наставата.

Покрај образовните институции, телевизори беа донирани и во ЈЗУ Неготино.

vredna-donacija-na-mozzart-za-chetiri-institucii-02.jpg

„Mozzart продолжува да дава помош и поддршка секаде каде истата е потребна. Овојпат до нашата компанија стигнаа барања од четири државни институции кои имале потреба од тв уреди. Како и секогаш до сега, така и овојпат лидерот во приредување игри на среќа исзлезе во пресрет и ја реализираше бараната донација. Драго ни е што имавме можност да помогнеме и секако не застануваме тука”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

vredna-donacija-na-mozzart-za-chetiri-institucii-03.jpg

Долга е листата на институции кои до сега добиле донација на техничка опрема, телевизори и лаптопи од лидерот во приредување игри на среќа.

Дел од нив се Клиниката за детски болести во Скопје, Специјалниот завод Демир Капија, ООУ Невена Георгиева Дуња во Општина Кисела Вода, ООУ Јан Амос Коменски во Општина Карпош и ООУ Блаже Конески во Општина Аеродром.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg