Екстремно високи температури на површината на морето во Грција

16.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Екстремно високи температури на површината на морето во Грција

Од два до пет степени била повисока температурата на површината на морето во цела Грција во текот на вчерашниот ден споредбено со периодот 2008-2023 година, согласно податоците на грчкиот портал Метео на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Порталот пишува дека паралелно со екстремно високите вредности на температурата на воздухот забележани во земјата, температурата на површината на морето е на досега екстремно високо ниво за конкретниот период, а во јужниот дел на Јонското море и во источниот дел на Егејското море биле регистрирани температури од над 20 степени Целзиусови во првите десет сантиметри под површината на морето.

Во текот на вчерашниот ден, температурата на морската површина била за пет степени повисока во северниот дел на Егејското море, споредбено со истиот период во изминатите над 15 години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата