Објавена листа на 10-те најдобро и најлошо оценети туристички атракции на светот

Точка

28/03/2023

19:56

11.575

Големина на фонт

а а а

Постојат многу туристички атракции ширум светот кои се незаобиколни во текот на патувањата.

Но, понекогаш се случува туристите да останат разочарани, односно се прашуваат дали тоа навистина било вредно за толкаво внимание. По тој повод, страницата „Stasher“ објави листа на најдобро и најлошо оценети туристички атракции на светот.

Листата е составена врз основа на рецензиите на „Google“, квалитетот на сместувањата, оддалеченоста до најблиските меѓународни аеродроми, безбедноста на туристите, па дури и популарноста на ТикТок, најпопуларната социјална мрежа на денешницата.

Првото место за најдобро оценета туристичка атракција на светот го зазеде зградата на унгарскиот парламент во Будимпешта, која добила оцена 7.4/10. Изградена е во неоготски стил и се смета за еден од најдобрите примери на историцизмот. Таа некогаш била највисока зграда на парламент во светот, а денес е трета.


Кога зборуваме за најлошо оценетите туристички атракции на светот, првото место на оваа листа го зазеде Холивудската патека на славните. Станува збор за историска знаменитост која се состои од повеќе од 2700 петокраки терацо и месинг ѕвезди, вградени во тротоарот долж 15 блокови на булеварот Холивуд и 3 блока на Вајн Стрит.

Во продолжение, погледнете ја целата листа на најдобри и најлоши туристички атракции објавена на страницата за патување „Stasher“.

Топ 10 најдобро оценети туристички атракции на светот:

1. Зградата на унгарскиот парламент, Унгарија

2. Дизниленд Париз, Франција

3. Сината лагуна, Исланд

4. Плаза де Еспања, Шпанија

5. Ангкор Ват, Камбоџа


6. Базиликата „Свети Петар“, Италија

7. Ел Атенео Гранд Сплендид, Аргентина

8. Атинскиот акропол, Грција

9. Музејот на Нов Зеланд, Нов Зеланд

10. Миланската катедрала, Италија

Топ 10 најлошо оценети туристички атракции на светот:

1. Холивудската патека на славните, Лос Анџелес

2. Капали чаршија, Турција

3. Таџ Махал, Индија

4. Буш Гарденс, САД

5. Лоте Ворлд, Јужна Кореја


6. Пристаништето Викторија, Хонг Конг

7. Оушн Парк, Хонг Конг

8. Храмот Фушими Инари Таиша, Јапонија

9. Кинескиот ѕид, Кина

10. Еверленд, Јужна Кореја



Спонзорирани линкови

Маркетинг