Рубрика: Биологија
На повидок крај на маларијата?
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 12.07.2023 - 10:45

Американските научници претставија нова техника за модификација на гени која води до сузбивање на женските комарци од видот кој најчесто го шири смртоносниот паразит на маларија. Тие велат дека техниката е „безбеднa, контролиранa и претставува скалабилно решение кое му е итно потребно на светот за да ја елиминира маларијата“.

Постојат околу седум видови африкански комарци што ја пренесуваат маларијата, припадници на Anopheles gambiae. Овие седум вида се одговорни за приближно 250 милиони детектирани случаи на маларија секоја година. Мрежите за кревет и инсектицидите се традиционални методи кои се користат за спречување на преносот на болеста, но тие се сè понеефикасни. Сега тим од Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего разви нова технологија за генетско сузбивање на женките од овие популации, кои се носители на ширењето на маларијата. Нивното истражување беше објавено на почетокот од овој месец во Science Advances.

Користејќи ја CRISPR технологијата, тие можат да ја нарушат генската флора, femaleless (fle), ефективно спречувајќи го развојот на женските потомци. Овој систем, сега наречен Ифегениа (Ifegenia), бил тестиран во лабораторија со вкрстување на две семејства од генетски модифицирани комарци – едното го носело „ножички“ генот Cas9 и другото било носител на РНК молекулата што го таргетира fle генот.

По вкрстувањето потомството ги убило сите женски комарци, велат истражувачите. Машките комарци не се засегнати од модифицираните гени, туку напротив, тие ја шират Ифегениа помеѓу преостанатите живи женки и го менуваат полот на идните потомци. Слична генска модификација се смета дека може да биде решение за справување и со други видови штетници, вклучувајќи ги и комарците кои шират болести како денга и жолта треска. Во Австралија размислуваат дури и за примена на слични методи за справување со воведените предатори како мачки и лисици, кои таму прават неизмерна штета на специфичните домородни видови, но и за справување со штетници, како глувците.

Но, употребата на таква технологија покренува етички прашања околу нивната употреба, нешто што постариот автор на студијата Омар Акбари вели дека е пречка што треба да се надмине пред овој вид технологија да биде употребена во поголем обем.

Оваа технологија има потенцијал да биде безбедно, контролирано и скалабилно решение што на светот му e итно потребно за да ја елиминира маларијата еднаш засекогаш“, вели професорот Акбари. „Треба да ги насочиме нашите напори кон барање на социјално прифаќање, овластувања за регулаторна употреба и можности за финансирање за да го ставиме овој систем на својот врвен тест за сузбивање на дивите популации на комарци што пренесуваат маларија“.

Клучни зборови: