Македонското МНР ја осуди изјавата на Костадинов, кој рече дека Македонија е втора бугарска држава

Министерството за надворешни работи соопшти дека ги осудува иредентистичките изјави, кои содржат и територијални претензии кон Република Северна Македонија, искажани јавно и повеќепати од страна на бугарскиот пратеник и лидер на политичката партија Преродба, Костадин Костадинов.

„Фактот што овие изјави се повторуваат, овој пат и во Скопје, и тоа на значаен и за двете страни симболичен повод, отворање нови канцеларии на Културно-информативниот центар, како и во пресрет на бизнис-форумот меѓу Северна Македонија и Бугарија, не можеме, а да не ги толкуваме како обиди за минирање на силните напори на двете влади за унапредување на соработката и како организирана провокација, која треба да биде осудена од сите проевропски политички структури и институции во двете држави“, велат од МНР.

Министерството апелира до граѓаните на двете земји да не им подлегнуваат на ваквите провокации, кои имаат една единствена цел, а тоа е да ги спречат двете држави во спроведувањето на искрените намери, реафирмирани од двете страни, за продлабочување на односите меѓу нашите држави и народи во духот на европските вредности.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.