[ФОТО] Модна комбинација на кралицата Летиција која жените ги претвора во девојки: Може да се носи во секоја прилика, а изгледа навистина отмено

Точка

22/03/2024

16:32

5.037

Големина на фонт

а а а

Модната комбинација за која модните експерти велат дека од една жена прави девојка, изгледа многу отмено.

Кралицата Летиција од Шпанија важи за една од најстилизираните жени чии модни комбинации служат како инспирација за многу од дамите кои сакаат во секоја прилика да изгледаат отмено и скапо.


Познато е дека Летиција често носи фустани со интересни дезени, како и елегантни одела. Панталоните, салонките и кошулите исто така се нејзин чест избор со којшто навистина нема грешка.

Овојпат кралицата Летиција одлучила да носи бели панталони, зелена кошула и зелени салонки. Зелената боја дефинитивно е апсолутен хит годинава, а освен тоа, истата направила Летиција да изгледа помладо.


Ваквата модна комбинација е навистина благодарна затоа што може да се носи апсолутно секаде, на работа, за на кафе, како и на различни веселби и вечерни излегувања.


Што мислите вие за оваа модна комбинација на кралицата Летиција?




Спонзорирани линкови

Маркетинг