• Горан Упале

Додека трае полемиката „до кога Новак Ѓоковиќ ќе биде активен во тенискиот свет“, Маркос Багдатис има своја теорија.
„Новак сака да го освои Вимблдон оваа година и да се пензионира. Мислам дека тоа е неговата цел. Затоа го ангажираше Енди Мареј за тренер, за да бидат навивачите со него“, рече легендарниот тенисер од Кипар.
Дали е тоа можно? Поранешниот осморангиран тенисер во светот е убеден дека има шанси за такво нешто.
„Не знам дали е можно, но кога Новак ќе мисли на нешто, обично го постигнува тоа“, додаде Багдатис.
Багдатис осум пати играше против Ѓоковиќ и ги загуби сите осум мечеви. Особено болен беше поразот во четвртфиналето на Вимблдон 2007 година, кога српскиот ас победи во пет сета.
„Слободно можам да кажам дека големата тројка ми ја уништи кариерата, особено Ѓоковиќ“, заврши Багдатис.
Легендарниот тенисер, роден во Лимасол, својот најголем успех го имаше на Австралија Опен во 2006 година кога загуби во финалето од Роџер Федерер .