Рецепт за брза пица за појадок: Како да направите вкусен оброк за час

Фото: Nishant Aneja / Pexels

Пица со тост лепчиња, изберете ги состојките по ваша желба.

Постојат неколку рецепти за овој италијански специјалитет, а денеска ви претставуваме како да го направите ова вкусно јадење кога сте во брзање.

Состојките и зачините можете да ги мешате и додавате, како кај „вистинската“ пица, по желба, а најдоброто од сè е што не ви требаат повеќе од 10 минути за да ги направите вкусните, крцкави, но сочни пица тостови. Основата на кечапот и кашкавалот е секогаш иста, а ние ги избравме следните состојки.

Состојки:

– тост леб

– путер

– кечап (или сос од домати)

– кашкавал

– шунка, сланина или друг сувомесен производ по желба

– чери домат

– кромид

– оригано

– босилек

– лук

Фото: Viktoriia Panchenko / Alamy / Alamy / Profimedia

Подготовка:

Од едната страна премачкајте го тост лебот со путер, а од другата со кечап.

Одозгора наросете рендан кашкавал, па наредете состојки како што се шунка, домати и кромид. И сè друго што сакате.

Посипете со лук и оригано.

Загрејте ја рерната на 220 степени и наредете ги тост лепчињата на плех.

Ставете ги пиците во рерна и печете ги околу пет минути или додека кашкавалот не се растопи.

Пред сервирање, украсете со свежи листови босилек или можеби рукола.

Пријатно!

Фото: Olaf Speier / Alamy / Alamy / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот