ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.04.2024
Шампионски прстен на Коби Брајант продаден за речиси 1 милион долари
Автор: Goce Author

Втората реплика од шампионскиот прстен на Коби Брајант од 2000 година беше продаден за 927.000 долари на неодамнешна аукција, за кој имаше 43 понуди.

Прстенот беше еден од петте НБА шампионски прстени на Коби што ги освои за време на неговата легендарна 20-годишна кариера во Лос Анџелес Лејкерс. Шампионатот во НБА во 2000 година беше првата победа во НБА финалето за покојниот Коби и прва од трите последователни шампионати за него и Лејкерси.

Коби првично му го подарил прстенот на својот татко Џо Брајант. Џо и неговата сопруга Пем Брајант го продадоа прстенот во 2013 година за 173.000 долари.

На него има вкупно 40 дијаманти и е изработен од 14-каратно злато. На него се наоѓа логото на Лејкерс и „Светски шампиони“ на предната страна со „Ring Bling“ и годината на едната страна. Од другата страна пак, се наоѓа името на Брајант и рекордот на Лејкерс во редовната сезона од 67-15, заедно со рекордот од 15-8 после сезоната. На долната страна се наоѓа бројот 8 на Брајант, кој го носеше во првата половина од кариерата.

Пред овоа проджба, рекордната сума за која беше продаден прстен за НБА титула беше 705.000 долари во 2021 година. Оваа сума беше платена за првиот од единаесетте шампионски прстени на ѕвездата на Бостон Селтикс, Бил Расел, од шампионатот во НБА во 1957 година.

 

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.

Автор: Кирил Стојанов

УНФПА: Милиони луѓе уште во ризик за сексуалната и репродуктивна благосстојба
Пушење на отворено – на 5 метри од другите луѓе