Претставничкиот дом на САД усвои нацрт-закон со кој може да се забрани ТикТок

13.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претставничкиот дом на САД усвои нацрт-закон со кој може да се забрани ТикТок

Пратениците гласаа - 352 „за“ предложениот закон и 65 „против“, во редок момент на двопартиско единство во политички поделениот Вашингтон.

Засега според американски медиуми, не се знае каква ќе биде „судбината“ на законот во Сенатот каде треба да се одобри за да стапи на сила.

Нацрт-законот ќе го забрани TикТок од продавниците за апликации во САД, освен ако платформата за социјални медиуми, што ја користат околу 170 милиони Американци, не биде издвоена од кинеската матична компанија BiteDance. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата