Почна кампањата за 11-тите по ред парламентарни избори - учествуваат 17 политички субјекти

Официјално од денес почнува кампањата и за парламентарните избори.

СДСМ од Скопје со настан под мотото Нема откажување од иднината но и вечерни митинзи од Гевгелија и Демир Капија. Лидерот на СДСМ Ковачевски не пропушти прилика во првиот ден од кампањата уште еднаш да го впери прстот кон ВМРО-ДПМНЕ дека како што рече тие биле кочничари на евроинтегративните процеси на земјата не подржувајќи ги уставните измени . 

ВМРО-ДПМНЕ пак кампањата ја почнува вечерва со митинг од  Охрид а лидерот на партијата Мицковски денеска го прозва Ковачевски  зошто како што вели не ја критикува работата на ДУИ. 

Европскиот фронт пак централниот митинг го почнува од Куманово на на денешниот настан организиран во Скопје  порачаа  дека и натаму како главен постулат на кој посебно ќе стават акцент и во кампањата ќе бидат токму уставните измени но и изборот за шеф на државата се гласа во законодавниот дом . 

Како постулат го имавме предвид, затоа едногласно ја поддржуваме измената на Уставот, поддржуваме по пет години актуелниот претседател да покрене иницијатива шефот на државата да биде избран во Собранието, бидејќи тоа е директен одраз на застапеноста на граѓаните во највисокото законодавно тело. Ние сме парламентарна република и мора да се оствари парламентарната демократија, идниот претседател да биде избран со мнозинство парламентарци, со принципот на Бадентер, затоа, господине претседателе, даваме целосна поддршка промените во оваа држава да се придвижат напред . 

Свои пораки на  првиот ден од кампањата за парламентарните избори од Скопје испратија и коалицијата Вреди.

Левица кампањата за парламентарните избори ја почнуваат од Велес со обраќање на лидерот на партијата и носител во ИЕ 1 Димитар Апасиев.

Свои активности на терен денеска најавија и останатите учесници на  изборите со кандидатски листи Коалцијата „Храбро за Македонија“ која ја сочинуваат ГРОМ, ПЦЕР и Интегра, партиите Македонска Ера Трета, Демократи, Аваја, Твоја партија, Родина Македонија, Единствена Македонија.