Роналдо го продаде Крузеиро, сега е на ред Ваљадолид

Фото: EPA-EFE/Yuri Edmundo

Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима Роналдо јасно ставил до знаење дека фудбалскиот клуб Ваљадолид е на продажба.

Ваљадолид во овој момент се натпреварува во шпанската втора лига и се бори за влез во Примера. Роналдо го презема Ваљадолид во 2018. година откако откупи 51% од акциите на клубот за 30 милиони евра.

Неговиот период во шпанскиот клуб беше полн со успеси и падови, но вистина е дека од односот со навивачите во последно време не е беше на највисоко ниво. Роналдо во последните неколку месеци поднесе неколку тужби за вознемирување кое го добивал преку пораки на социјалните мрежи од одредени навивачи на Ваљадолид.

Таквите напади придонеле во одлуката на Бразилецот да го продаде клубот. Цената на клубот ќе зависи од тоа дали тие ќе изборат промоција во Примера или не. Во шпанската јавност се шпекулира дека Роналдо размислувал да го продаде Ваљадолид и пред една година, но тогаш го спречило испаѓањето во понизок ранг. Промоцијата во Примера дефинтивино значително би ја зголемило цената.

Претходно Роналдо соопшти дека ја завршил продажбата на бразилскиот Крузеиро. Овој клуб го купи во 2021 година кога клубот беше во сериозна финансиска криза. На местото прв човек на Крузеиро го наследи бизнисменот Педро Фигуеридо кој е основач на еден од најголемите ланци на супермаркети во Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот