За многумина, Лионел Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња. И веруваат дека тешко оти некој ќе го достигне во блиска иднина.
Но, славата на Аргентинецот не може да ја замати никој друг туку неговиот син. Лионел има три сина - Тијаго, Матео и Чир. Средниот Матео има осум години и игра за помладите категории на Интер Мајами.
Пред две години, за време на Светското првенство во Катар, кое неговиот татко го освои со Аргентина, малото момче стана интернет сензација кога по еден натпревар на теренот го покажа талентот на својот татко.
Сега тој покажа дека неговата кариера оди во вистинска насока. На еден натпревар постигна пет гола, повеќето по одлични соло акции и покажа дека има завиден шут.
Исто како татко му во тие години.