Свет

Австралија: „Нестле“ инвестира 32 милиони долари во производството на Milo

12 мар 2024

Компанијата најави инвестиција од 32 австралиски долари во својата фабрика во Смитаун, каде што се произведува брендот Milo.

Средствата ќе бидат искористени за унапредување на производството и зголемувањето на производните капацитети, соопштуваат од компанијата.

Во последната деценија,  инвестициите на компанијата во оваа фабрика достигнаа 80 милиони австралиски долари.

 Посветени сме на постојано инвестирање, подобрување и надоградба во нашата фабрика во Смитаун, со цел продолжиме гордо да создаваме култни брендви како што е Milo. Во следните години ќе инвестираме над 30 милиони долари во локалното земјоделство и ќе создадеме 200 нови работни места додека ја градиме новата зграда за сместување на производството на Milo, изјави Џејмс Гарлеј, менаџер на фабриката во Смитаун.

 Надоградбата на фабриката во која годишно се произведуваат на 200.000 конзервни производи како што се Milo и Nesquik, треба да биде завршена до крајот на 2024 година.

 

Извор: FoodBev

Фото: „Нестле“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...