ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО НЕГО: Руски затвореник што се борел во Украина си убил шест соборци
Објавено во: Свет 07 Мај, 2024
Руски затвореник што се борел во Украина си убил шест соборци, во тек е потрага.
Полицијата трага по руски војник осомничен за убиство на шест свои соборци во источна Украина, oбјави Њузвик.
Во исто време, почна судењето на руски офицер за убиство на седум војници под негова команда, откако лани фрли граната во просторијата во која тие престојуваа.
Еден осуденик, 57-годишен помлад наредник, избегал откако на 4 мај застрелал шест свои соборци во сепаратистичката Народна Република Доњецк (ДПР).
Осомничениот поседува автоматска пушка АК-12 со придушувач и муниција, а полицијата ги пребарува руските погранични региони Ростов, Белгород и Воронеж за да го пронајде.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
foto EPA