<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Јавното
обвинителство Македонија тукушто е известено дека Министерството за правда
добило официјална информација од Република Турција дека се одобрува
екстрадицијата на лице осомничено за две кривични дела грабнување, како и за
две убиства на свиреп начин. Постапката за екстрадиција ќе биде спроведена
преку Министерството за внатрешни работи, соопшти ЈО.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">По предлог на
Основното јавно обвинителство Скопје на осомничениот веќе му е определена мерка
притвор која треба да започне да се применува веднаш по неговото испорачување.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Палевски е
осомничен за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ на Вања
Ѓорчевска и Панче Жежовски.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Љупчо Палевски
Палчо повеќе од три месеци е во екстрадациски затвор во Турција. За соучество
се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во
Скопје. Во домашен притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се
сомничи дека помагал во грабнувањето. Со мерки на претпазливост за овој случај
е и Стефан Димовски, возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и
Панче, кој е осомничен за помагање при бегството.</span>