ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?
Објавено во: Македонија 28 Април, 2024
Во Охрид некогаш се случуваат чудни работи.
Таму ноќеска во болница бил донесен скопјанец повреден со остар предмет, но тој рекол дека се самоповредил.
„На 28.04.2024 година во 01.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во Општата болница во Охрид, со телесна повредa од остар предмет бил донесен С.Х.(33) од Скопје. Според негово кажување тој самиот се повредил. Полициски службеници излегоа на местото и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот“, се вели во соопштението од МВР.