Херпес на уста - Зошто се појавува и како да го третирате?

Откако ќе се зарази со вирусот, личноста ќе го носи во себе до крајот на својот живот. Некои луѓе некогаш немаат никакви симптоми, додека други имаат периодични појавувања на инфекции. Која е причината за херпес на устата и како да се справите со него?

herpes-na-usta-zoshto-se-pojavuva-i-kako-da-go-tretirate-01.jpg

Оралниот херпес е инфекција предизвикана од вирусот херпес симплекс (HSV).

Овој вирус предизвикува болни ранички, најчесто на или околу усните, но може да се појави и на јазикот, под носот или на внатрешноста од образите.

Херпесот може да предизвика и други симптоми како треска или болки во мускулите, особено при првото инфицирање на личноста.

Како изгледа херпесот на уста и кои се неговите симптоми?

Херпесот на уста, кога е во рана фаза, предизвикува меурчиња исполнети со течност. Може да имате една или две големи плускавици или неколку мали кои се спојуваат во една голема рана.

Во подоцната фаза на орален херпес, најчесто по неколку дена, меурите ќе се отворат и ќе испуштат жолтеникава течност. По уште неколку дена, раните ќе добијат лушпа и ќе почнат да зараснуваат.

Што се однесува до симптомите, на почетокот може да забележите црвенило, оток, топлина, болка или чешање во областа каде што ќе избие инфекцијата.

Симптомите на оралниот херпес може да се исти или слични со други здравствени проблеми, па затоа, за дијагностицирање секогаш посетете го вашиот лекар.

herpes-na-usta-simptomi-i-prva-pomosh-za-negovo-tretiranje-02.jpg

Како се пренесува херпесот на уста?

Вирусот се шири кога едно лице ќе има контакт, кожа со кожа, со друго инфицирано лице.

Најчесто првите инфекции се појавуваат во детството или како млади возрасни, а може да се пренесе со бакнување, допирање на кожата на заразеното лице или споделување на заразени предмети како балсам за усни, прибор за јадење, жилети и слично.

Откако ќе се зарази со вирусот, личноста ќе го носи во себе до крајот на својот живот. Некои луѓе некогаш немаат никакви симптоми, додека други имаат периодични појавувања на инфекции.

Генерално, херпесот почесто се појавува во првата година по првичното заразување, а потоа неговата изразеност се намалува, односно, не се појавува толку често и не е сериозен.

herpes-na-usta-simptomi-i-prva-pomosh-za-negovo-tretiranje-04.jpg

Како да го третирате херпесот на уста?

Кога ќе почувствувате печење или чешање, треба што побрзо да започнете со употреба на медицински кремови, масти и други препарати со антивирусно дејство наменети за орален херпес.

Тие средства најчесто се нанесуваат три до петпати на ден, но само додека не излезат плускавиците.

Откако веќе ќе се појават, треба да користите средства кои имаат антисептично дејство, го намалуваат чешањето и помагаат плускавиците да се исушат и кожата да зарасне.

Исто така, фластерите за херпес се практични, бидејќи физички ја штитат оштетената кожа и ја намалуваат можноста да се прошири инфекцијата.

Секогаш консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт во врска со тоа како треба да го третирате херпесот на уста.

Доколку користите маст, секогаш користете чист памук кој по употребата веднаш ќе го фрлите, со цел да го спречите ширењето на инфекцијата на други делови од телото.

herpes-na-usta-simptomi-i-prva-pomosh-za-negovo-tretiranje-05.jpg

Исто така, може да користите ладни облоги на плускавиците, за да си ја смирите болката. Притоа, важно е да пиете и многу течности, а особено ладните пијалаци може да ви помогнат во смирување на раните во и околу устата.

Сепак, треба да се спомене дека нема магичен лек, туку самиот херпес ќе помине спонтано за седум до десет дена.

Ако сепак сте загрижени и чувствувате дека имате влошување на симптомите, веднаш консултирајте се со вашиот лекар кој ќе ви ја следи состојбата и ќе ве упати за понатамошно лекување.

herpes-na-usta-simptomi-i-prva-pomosh-za-negovo-tretiranje-03.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg