• Мартин Танасковски

Македонската ракометарка Јована Саздовска во иднина нема повеќе да настапува за националниот тим во чиј дрес беше скоро една деценија.
31-годишната Саздовска која во моментов игра во Романија во тимот на ЦСМ Слатина, го информирала селекторот Кристијан Грчевски дека нема повеќе во иднина да го носи дресот со државниот грб.
Саздовска беше со години дел од сениорскиот тим на Македонија, а настапи на последните две Европски првенства. Има над 50 настапи, со 124 постигнати гола.