Ингрид Севард е
кралска авторка, многу блиска со членовите на британската монархија. Таа
неодамна откри дека принцезата Дајана и се доверила пред нејзината смрт во
Париз. Имено, таа изјави дека Дајана и ја признала причината за пропаѓањето на
бракот со Чарлс.
Она што изненади
многумина е тоа што и покрај приказните, таа причина не е Камила Паркер и
нејзината врска со Чарлс.
Ингрид изјави за
The Sun Royal дека имала разговор со принцезата пред да умре во 1997 година.
-Дајана цело
време ја имаше Камила во главата, беше опседната со неа, но кога ја спомнав
пред неа, принцезата рече дека Камила не е таа што и го уништила бракот со
Чарлс. Таа ми кажа дека тоа се луѓето со кои Чарлс бил опкружен - вели Ингрид,
која била изненадена од одговорот на Дијана.
Тогаш принцот,
сега кралот Чарлс, беше многу љубоморен, Дајана беше задушена од тоа и призна
дека пред раѓањето на Хари била навистина среќна со Чарлс, додава таа.
Ја прашала како
не е Камила кога постојано се жали на неа, а потоа Дајана го променила
пристапот и рекла дека дефинитивно тоа е средината во која се одржува нивниот
брак.
- За таква
средина треба да си многу силна и зрела, а таа не беше - вели Ингрид.
Таа се осврна и
на однесувањето на кралицата Камила во тешкиот период за кралското семејство.
-Кога Камила се
приклучи на семејството имаше 50 години, а сега 76. Сигурно ја нема енергијата
што ја има Чарлс, но мислам дека народот ја сакаше. Таа сега му е голема
поддршка и добро се покажа во извршувањето на кралските обврски - искрено вели
Ингрид.